„РЕЖИМОТ Е СЕРВИРАН, ДЕКОРИРАН СО ПАПАЈА И МАНГО“: Макрадули со остра критика го окарактеризира 'новото нормално' како 'старо Грујово'
Членот на СДСМ, Јани Макрадули со остра рекација утрово кон владејачката партија и нивното „одбележување“ на Денот на жената - 8 Март.
- И вчерашниот ден ја потврди мислата: “Една слика, илјада зборови” - слика која испраќа јасна порака. Од една страна, илјадници насмеани, решителни жени во марш, обединети околу политиките за рамноправност, еднаквост и исти права, промовирани од СДСМ, а од друга страна, намрштените неколкумина мажи, кои климаат со главите слушајќи го Премиерот.
Игнорирањето на 8 Март, од страна на Премиерот, не само што ја потврдува сликата, туку и неговата политика, а тоа се локалните избори, како приоритет и ништо друго. Приоритет да се „уништат” и помножат со нула, партиите од опозицијата. Каков ЕУ, какви обиди за нова рамка, целта е една - планина пари од Унгарија за кампања која ќе биде брутална, мегаломанска, и како и последната за парламентарните избори, популистичка, со нови лажни ветувања. Во таа насока се и тендерите, за приватно обезбедување на државни објекти, опрема за преведување, или настрешница, да ја штитат надворешната политика од активности на птиците - напиша Макрадули на социјалните мрежи.
Потоа додаде дека и нивниот колационен партнер има иста цел, па „и методите се исти, па и тие си имаат свој паркинг, пардон периметар“.
- Авторитарниот режим секојдневно го покажува своето лице. Новото нормално е всушност старото Грујово - уредување на вестите од еден центар, наместо одговори, навредите ќе растат, ќе се појави синдикат кој ќе се залага за помали плати и ја обожава владата, а алиби ќе биде дека: ССедете, не ги знаете моите пријатели во Америка.”
Ваквата опседнатост со резултатите на локалните избори, го претвори функционирањето на државата неефикасно. Сѐ се одвива како по инерција - меѓународната позиција загрозена, а за “забава” креирање страв, за жал, секогаш ќе има за тоа меѓуетнички теми.
Режимот е сервиран, декориран со папаја и манго - пишува Макрадули.
Потоа додава дека одговорот зависи од многу чинители, а дали субјектите ќе се обединат околу тоа кој ќе одлучува за чешма или пак околу широк фронт против враќање на режимот, ќе покаже набргу времето.
- Загриженоста на добронамерните расте, а изборот побарува одговорност, знаење, искуство и решителност… - заклучува Макрадули.
Слично
