РЕЗИЛОТ Е СТРАШЕН, КАКО ДА НЕ СЕ ЖИВИ, ЗОМБИ, ПОЛУЖИВИ: Глигорова за минималната плата
Дискусијата за минималната плата не остави никого рамнодушен. За тоа дека навистина е тешко да се живее со толку мала плата коментираше и активистката Ана Глигорова.
„Минимална плата од 600 евра, е на работ на егзистенција. Човек кој има 35, 40, 45, 50, 55, 60 години со искуство и школо е срамота да работи за 25 000 денари. Просечната (медијална) плата во Македонија не е 50 000 денари, ни блиску до тоа, напротив јас лично познавам луѓе кои кубират со плата под 30 000 денари, или преку сила 32 000 денари. Резилот е страшен, како да не се живи, зомби, полуживи, на многу од нив придонсите им се на минималецот, што значи дека во пензија ќе влезат со пензија од 300, 400 евра, ќе гладуваат. Уште ќе се лажеме, додека последното дете не замине од овде?“, напиша таа.
