Економија, финансии, бизнис

Контакт

„РЕВОЛТОТ КАЈ СИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ Е МНОГУ ГОЛЕМ“: Муртезани за случувањата во АА, и Фетаи најави дека заминува

„РЕВОЛТОТ КАЈ СИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ Е МНОГУ ГОЛЕМ“: Муртезани за случувањата во АА, и Фетаи најави дека заминува

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој доаѓа од редовите на ВЛЕН, изјави дека очекува да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците предводена од Арбен Таравари по неговата одлука да оди во опозиција, поради како што вели, големиот револт кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери.

- Мислам дека сите овие случувања во делот на АА предводена од Таравари, се знак дека одлучноста на структурите таму и подготвеноста е многу поголема да не завршат во прегратките на Али Ахмети, од калкулациите на Таравари. 

Според наши неофицијални информации, тие ќе продолжат. 

Револтот кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери таму е многу голем. Така што, чекаме наредниве денови, мислам дека тој тренд ќе продолжи - рече Муртезани прашан дали има најави други пратеници да го напуштаат Таравари.

По одлуката на Таравари за напуштањето на власта, деновиве пратеникот од редовите на АА, Салим Сулејмани, објави дека поднесува оставка од сите партиски функции и од функцијата пратеник во Собранието. 

Деновиве напуштање на партијата АА под коримилот на Арбен Таравари најавија поранешниот министер за администрација, Азир Алиу, подоцна и неговиот сопартиец - пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијанса, но и од пратеничката функција во Собранието, незадоволен што АА отстапила од целите заради кои се приклучиле на коалицијата ВЛЕН.

Денеска сличен потег објави и  ицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој преку обраќање на социјалните мрежи одговори на актуелните случувања по напуштањето на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на владината коалиција.  

Фетаи им се обрати на членовите, симпатизерите и гласачите на Алијанса за Албанците, каде вели дека тие не се само поддржувачи на партија, туку чувари на кауза и идеал кој никогаш не бил продаден или наведнат.



Слично

Поврзани вести