Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕВИЗОРИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ НА „БРЗА ЛЕНТА“ - поефикасно ќе комуницираат за лов на криминалот

РЕВИЗОРИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ НА „БРЗА ЛЕНТА“ - поефикасно ќе комуницираат за лов на криминалот

Клучните институции за откривање на незаконски дејствија кај државните институции и борба против криминалот и корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, отсега па натаму уште посилно ќе соработуваат, со цел обвинителите побрзо, навремено и поефикасно да постапуваат по наодите на ДЗР. Тоа, пак, ќе значи и побрзо дејствување на обвинителството за разоткривање и процесуирање на значајни финансиски малверзации, а со крајна цел, заштита на интересите на државата.

Претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и претставници на Јавното обвинителство предводени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска оствариле работна средба во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој Државниот завод за ревизија го реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер и Институтот Ресис. 

„Целта на одржаната работна средба претставува имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија, која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното Обвинителство и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности. На состанокот беше презентиран нацрт - протоколот за комуникација помеѓу двете институции, кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите“, се вели во соопштението од Државниот завод за ревизија. 

Работната средба резултирала со заклучоци според кои треба да се номинираат лица од двете институции за остварување на побрза и поефикасна комуникација, иницирање на едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање на форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од Конечните ревизорски извештаи, по кои согласно законските надлежности треба да постапува јавното обвинителство, како и потпишување на Меморандум за соработка. 

Слично

Поврзани вести