Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕВИЗОР УШТЕ НЕМА: Oд идната недела ќе нема кој да ги потпишува налозите за плати

РЕВИЗОР УШТЕ НЕМА: Oд идната недела ќе нема кој да ги потпишува налозите за плати

Уште еден обид за избор на прв ревизор на државата пропадна. 

Двете партии, СДСМ и ДУИ никако не можат да ги усогласат ставовите за тоа кој ќе биде поставен на оваа позиција во Државниот завод за ревизија. 

Илија Димовски, претседателот на собраниската Комисија за именувања, повторно ја одложи седницата за избор на нов државен ревизор, овој пат на барање на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој побара одложување затоа што, како што наведе тој,  8-те назависни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаат барање за нова распределба на силите во собраниските комисии.  Димовски кажа дека би било непринципиелно да не го прифати барањето на СДСМ.

За изборот на Државен ревизор има повеќе предлози за разгледување, но засега конкретни имиња не се откриваат.

Ако партиите не се договорат, од идната недела ќе нема кој да ги потпишува извештаите и налозите за плати, затоа што мандатот на државниот ревизор истече во декември 2017-та, а на заменикот му истекува на 4 октомври. 

Слично

Поврзани вести