РЕВИЗИЈА: Како работел Инспекцискиот совет?
Се вршеле исплати на надоместоци од плата, спротивно на законски одредби, се набавувал канцелариски мебел без да се евидентира преку сметките за набавка, законски пропусти и во делот на вработувањата – одделението за финансиски прашања останало празно, ресорното министерство не дозволило вработување на три лица. Пропусти се констатирани и при исплатата на додатоци на плата, а една од причините бил и недостатокот на пари. Ова се наоди од новиот ревизорски извештај за работата на Инспекцискиот совет, во кој државниот ревизор препорачува и измени на Законот за инспекциски надзор.
Во касата – немало пари за исплата на додаток на плата ...
Во однос на процесот на плаќање, ревизорот констатира дека не е донесена пишана процедура со опис на процесот на прием, контрола, одоборување, евидентирање и плаќање на финансиската документација.
“Со првилникот за внатрешна организација на Инспекцискиот совет, кој е во примена од 2017 година, предвидено е одделение за финансиски прашања со тројца вработени, но до моментот на извршување на ревизијата, не е пополнето ниту едно работно место. Истакнуваме дека со предлог буџетското барање за 2017 побарани се средства за екипирање на стручно-административната служба на Инспекцискиот совет, но истите од страна на ресорното министерството не се одобрени“ - се наведува во ревизорскиот извештај во кој се посочува дека наведените состојби не се во согласност со Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и создаваат ризик од нецелосно обезбедување на систем на контрола на финансиските документи.
Сериозни забелешки има и во начинот на кој се плаќале инспекторите.
“Согласно Законот за инспекциски надзор, на инспектор кој при вршење на работите е извложен на ризик по неговиот живот и здравје, може да му се даде додаток на плата, во зависнос на видот на ризикот во висина од 10% до 30% од износот на основната плата и додатокот на ллата за звање. Оваа одредба во пракса не се спроведува. Исто така потенцираме дека во однос на наведениот додаток на плата, како прижина за неможност на имплементација на оваа законска обврска во пракса се истакнува и недостатокот на финансиски средства на инспекциските служби за ислата на истиот“ – наведува ревизорот.
Државната ревизија , анализирајќи го Законот за инспекциски надзор констатира дека се потребни измени и во делот на дисциплиноскот казнување на инспекторите.
“Ревизијата истакнува дека, од една страна во Законот за инспекциски надзор, утврдена е само највисоката дисциплинска мерка, одземање на лиценца на инспектор, што треба да резултира со престанок на работен однос, а од друга страна не се утвредни видови на дисциплинска одговорност, како полесна или потешка повреда на службена должност, писмена опомена, парична казна, распоредување на пониско работно место, престанок на работно место“ – нотира ревизорот во извештајот посветен на работата на Инспекцискиот совет.
Од друга страна во текот на 2016 година биле пресметани и исплатени надоместоци на трошоци за превоз од место на живеење до седиштето на Инспекцискиот совет во Скопје и обратно, во висина од дневни автобуски билети за двајца челенови на Инспекцискиот совет и на генералниот секретар, кои со место на живеење биле надвор од Скопје, во вкупен износ од скоро 4 300 евра.
“Исплатата на средствата се врши согласно одлуки за одобрување на трошоците, донесени во 2014 и 2015 година, и решенија за утврдување на висината на надоместокот за превоз. Наведените испплати не с ево согласност со одредбите од Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието и други избрани и именувани лица “ – пишува ревизорот..
Ревизијата на работата на Инспекцискиот совет ја опфаќа 2016 година и ова е прв извештај за работата на ова државно тело. На ревизиорскиот извештај, од страна на одговорното лице во Инспекцискиот совет бил доставен одговор дека нема забелешки на ревизорскиот извештај и дека се преземаат активности за дадените препораки. Со извештајот се опфаќа период во кој со Инспекциоскиот совет менаџирале Иринка Ќосева и Влатко Илиевски, како в.д претседател.
А.Д.