Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ревизија: БЕСА инкасирала 75.000 евра од донации и членарини

Ревизија: БЕСА инкасирала 75.000 евра од донации и членарини

Безмалку 75.000 евра - толку се вкупните приходи на Политичката партија Движење Беса во 2017 година, објавува Државниот завод за ревизија во извештајот за оваа партија. Според билансот кој е објавен деновиве, сите приходи се од членарини, подароци и од донации, а во таа година, вкупните расходи на партијата се над 69 илјади евра, што значи дека партијата во таа година била во позитива од над 5.000 евра.

Во расходите влегуваат трошоците за услуги, амортизација, и за плати. 

Државниот завод за ревизија има и неколку забелешки за работењето на партијата. Се наведува дека на карјот на годината формирана е пописна комисија од двајца вработени но дека пописот не е спроведен целосно односно дека наведените состојби не ги искажуваат реално и објективно искажаните износи на постојните средства во Билансот на состојба. Ревизијата утврдила дека вредноста на долгорочните средства не е усогласена со вредноста на сметката Деловен фонд. Нотирано е и дека се врши евиденција на долгорочни средства чија поединечна вредност во моментот на набавката е пониска од 300 евра, без истите да бидат искажани како ситен инвентар и за истите се пресметува амортизација, што не е законски.

„Евиденцијата на обврските по влезни фактури, договори и пресметки се врши со истовремено искажување на трошокот поради што во известувачкиот период е искажан поголем износ на трошоци, во вкупен износ од 201.000 денари, што не е согласно член 13 од законот, стои во извештајот.

Претседател на Двиењето БЕСА е Билал Касами.

Слично

Поврзани вести