Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕВАКЦИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАГАРАНТИРАНА: Преговараме нашите граѓани да се ревакцинираат во Србија на некој пункт поблиску, кажа Филипче

РЕВАКЦИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗАГАРАНТИРАНА: Преговараме нашите граѓани да се ревакцинираат во Србија на некој пункт поблиску, кажа Филипче

На revakcinacija.mk се пријавиле само околу 1.000 граѓани кои со првата доза од АстраЗенека се вакцинираа во Србија, а се над 60 години и тие ќе ја добијат втората доза во Македонија, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Истовремено додае дека за останатите, преговара со српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, тие да бидат ревакцинирани на некој од побилиските пшунктови, во Врање или во Ниш.

-Секој понеделник пристигнуваат нови дози на Фајзер и тоа е количина од 10 илјади вакцини, за руската Спутник немаме се уште најава, а вчера беше добивме информација дека во наредните седум дена ќе пристигнат кинеските вакцини „Синовак“. Не пости  граѓанин на којшто не му е обезбедена втора доза од вакцината. Со министерот Лончар утрово разговаравме дали може да се организира некој пункт поблиску до нашата земја за ревакцинацијата на нашите граѓани во Србија. Има расположение и наредните денови ќе информираме што точно е договорено, размислувањата се да биде во Врање или Ниш“, рече Филипче.

Инаку, најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе продолжи да ги вакцинира македонските граѓани со која вакцина сакаат, министерот Филипче го смета за чин на добрососедство. 

А.Б.


Слично

Поврзани вести