РЕВАКЦИНА СО АСТРАЗЕНЕКА ЗА 6 НЕДЕЛИ: Останува препораката за лица над 60 години, но се скратува временскиот интервал меѓу дозите
Министерот за
здравство, Венко Филипче денеска информираше дека во македонија и натаму
останува препораката со вакцината на британско-шведскиот производител,
АстраЗенека, да се вакцинираат граѓаните над 60 години, но новина е тоа што
наместо на 12 недели, односно на три месеци, временскиот интервал меѓу првата и
втората доза да се скрати на шест недели.
-Во упатството има една флексибилност, тоа е од 4-12 недели. Ние бевме многу внимателни, чекајќи ги сите публикации и искуства на другите земји во однос на првично регистрираните несакани ефекти. Како времето одминува и гледаме дека тој ризик е минимален, одлучивме ревакцината да не биде на минимумот од 4 недели, туку да биде на 6 недели“, рече Филипче.
Сепак, додаде тој, останува препораката оваа вакцина да ја примаат само лицата постари од 60 години.
