Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА ВО СКОПСКО: Инспекција ги чешла корисниците, се бара кој троши повеќе и кој е приклучен на диво во Булачани

РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА ВО СКОПСКО: Инспекција ги чешла корисниците, се бара кој троши повеќе и кој е приклучен на диво во Булачани

Почитувани корисници на водоводниот систем Булачани 1. Ве известуваме дека поради големата потрошувачка на вода се јавува недостиг на вода за пиење на високите зони кај корисниците на водоводниот систем Булачани 1. Поради тоа ќе бидат воведени рестрикции на водоснабдувањето со цел да се ограничи употребата на водата за полевање на земјоделски површини односно обезбедување на вода и за корисниците на повисоките зони од Булачани 1, информираат од ЈКП Гази Баба.
Оттаму велат дека периодор на водоснабдување на сите корисници ќе биде по следниот распоред.

Наутро 06.30 ч - 09.00 ч

Попладне 18.30 ч - 21.30 ч.

„По стабилизацијата на состојбата рестрикциите ќе бидат веднаш укинати. Од вчера во н.м Булачани заедно со инспекциските служби на Општина Гази Баба се спроведува акција за откривање на злоупотреба на водата и диви приклучоци. Истата ќе трае се додека не бидат проверени сите корисници на водоводниот систем Булачани 1. Сите злоупотреби ќе бидат санкционирани и поведена соодветна прекршочна или кривична пријава“, информираат од претпријатието. 



Слично

Поврзани вести