Респираторите од Турција ќе бидат донесени со воен карго авион, донација на тестови од Агенцијата за атомска енергија
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи по штотуку завршениот редовен состанок на централниот координативен кризен штаб објави дека е постигнат договор 25-те респиратори обезбедени од Норвешка амбасада а кои се наоѓаат во Турција да се донесат со воен карго авион во Скопје.
Респираторите обезбедени од Европската Унија, со помош од 4 милиони евра ак кои треба да се произведат во Кина, од 1 април ќе бидат донесени со заедничката пратка за регионот
- Обезбедивме донација од Агенцијата за Атомската Енергија за Covid-19 тестови. Кинеската амбасада побара дозвола нивната донација која допрва ја одредуваат да се донесе до Турција а потоа ние да обезбедиме транспорт до Скопје!
Слично
