Решен статусот на 594 полицајци-приправници и 565 кандидати за полицаец
Министерството за внатрешни работи го заврши процесот на регулирање на статусот на 594 полицајци приправници на работни места „полицаец“ и 565 кандидати за полициски службеници по успешно поминатиот конкурс и обука .
Денеска им беа доставени решенијата за распределување а како што велат од МВР, согласно решенијата за распределување од 01.06.2018, новите 594 полициски службеници се распределени на работни места по организациски единици низ сите (седум) сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР, најмногу на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола. Исто така, по однос на договорите за вработување на 565 кандидати за полициски службеници од денеска нив започнува да им тече приправничкиот стаж, како полицајци-приправници, и тој ќе трае шест месеци, а потоа следи полагањето на т.н. приправнички испит.
Во соопштението од МВР се вели дека со ова се оствариле најавите и заложбите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и актуелното раководство на МВР за решавање на статусот на овие две категории, но и за натамошно доекипирање на организациските единици при МВР со нови луѓе.
