Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ресенчанец загина откако излета од пат

Ресенчанец загина откако излета од пат

Ресенчанец рано изутрина загина откако со своето возило „мерцедес“ излетал од локалниот пат Макази - Маркова Нога кај селото Подмочани.

„На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази - Маркова Нога, пред с.Подмочани, ресенско, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот“, објавено е во полицискиот билтен.

Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.     

Слично

Поврзани вести