Ресен и Преспа 10 часа без струја во понеделник
Во недела на 12 септември во периодот од 08 до 18 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа, соопштија денеска од Електродистрибуција.
„Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, стои во соопштението.
Слично
