Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕПУБЛИКА МАРС НЕКА ПИШУВА, ВАЖЕЧКА Е: Возачката е доказ дека сум способен да управувам возило! Се огласи адвокатот Митровски

РЕПУБЛИКА МАРС НЕКА ПИШУВА, ВАЖЕЧКА Е: Возачката е доказ дека сум способен да управувам возило! Се огласи адвокатот Митровски

Лавина реакции предизвика законот донесен согласно Преспанскиот договор, а според кој од утре на граѓаните нема да им важат возачките со старото име.

Се огласи и адвокатската фела. Адвокатот Јанаки Митровски вели дека поголем нон сенс нема.

„ Ако немало Северна не важела возачката. Поголем нон сенс НЕМА. Возачката е доказ дека сум положил возачки испит и поседувам валидна документација. И нормално да е со важечки рок односно да не е истечена. Република МАРС нека пишува- важечка е бидејки суштината е дека е доказ дека сум оспособен да управувам со возило од категоријата која ја пишува на возачката.

Никаков регрес нема да плаќам нити сметам дека судовите би зазеле таков став. Член 2 став 1 точка 109 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата си е кристално јасен и вели " „Возачка дозвола“ е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени категории на возила;

Е сеа си донесоа они измени во насока на тоа дека со РМ ќе важат до 12.02.2024 година но во смисла на РЕГРЕС( враќање на штета од сообраќајка) тоа малку значи.

Среден прст за овие душмани!“ напиша тој.



Слично

Поврзани вести