Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реприза на загадувањето: И утрово дишеме на шкрги

Реприза на загадувањето: И утрово дишеме на шкрги

Магла и смрдеа од загаден воздух. Во ваква атмосфера и утрово граѓаните на град Скопје се разбудија.

Мерните станици повторно бележеа рекорди на ПМ10 честиците кои отчитуваа најзагаден воздух во Аеродром, Лисиче, Центар и Карпош.

Синоќа рекордни 854 микрограми ПМ10 честички беа измерени во Аеродром.

Најзагаден воздух, утринава во девет часот, измерила мерната станица Ректорат, каде се регистрирани 204 микорграми ПМ10.

Во Лисиче мерната станица измерила утринава 199 микрограми ПМ10 честички, во Центар 159, а во Карпош 141.

Ова значи дека воздухот кој се дише во Скопје е загаден три до четири пати над дозволеното ниво.

Слично

Поврзани вести