Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕПЛИКИ И КОНТРАРЕПЛИКИ: За збор се јавија 57 пратеници, повеќето од нив од ВМРО-ДПМНЕ

РЕПЛИКИ И КОНТРАРЕПЛИКИ: За збор се јавија 57 пратеници, повеќето од нив од ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ откако почна седницата на која на дневен ред е избор на претседатели на Комисијата за избори и именувања и на Собранието на РМ, реплицираaт едни на други и со тоа го одолговлекуваат изборот на претседател, заменик и членови на Комисијата.

За збор се јавија 57 пратеници, повеќето од нив од ВМРО-ДПМНЕ. 

Прво за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, а потоа му реплицираа Илија Димовски, Крсто Мукоски, Зоран Илиоски, Владимир Ѓорчев, по што тој се јавуваше нив да им реплицира.

Милошоски ја спомна темата за бинационална држава и побара претседател на Собранието да биде од победничката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој бара секој од кандидатите за претседател на Собранието јавно да се откаже од платформата на албанските партии.  

Претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски вели дека деловникот забранува реплики и контрареплики меѓу членови на иста пратеничка група, но со оглед на тоа што пратенички групи се уште не се формирани, пратениците имаат право на реплики и контрареплики.

Слично

Поврзани вести