Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕПЛЕК ЈА ПОТВРДИ ПРОДАЖБАТА НА ХУБО МАРКЕТОТ НА СИСТИНА - таму ќе никне голем медицински центар, еве кои се плановите

РЕПЛЕК ЈА ПОТВРДИ ПРОДАЖБАТА НА ХУБО МАРКЕТОТ НА СИСТИНА - таму ќе никне голем медицински центар, еве кои се плановите

Компанијата Реплек ја потврди информацијата која што пред извесен период ја објави Фактор, а таа е дека земјиштето на маркетот Хубо е продадено на Систина, каде што оваа болница планира да изгради голем медицински центар.

Реплек за оваа зделка информираше испраќајќи ценовно чувствителна информација до Берзата, со што ја информира инвеститорската јавност. 

„Реплек АД Скопје објавува дека на 29.12.2022 година, Друштвото Реплек Маркет ДООЕЛ Скопје во целосна сопственост на Реплек АД, изврши продажба на 3,558 м2 земјиште на Кара ДООЕЛ Скопје со договорена продажна вредност во износ од 75.000.000,00 денари без вклучен ДДВ, односно од 88.500.000,00 денари со вклучен ДДВ“, се вели во известувањето кое Реплек го испрати до Берзата.

А Фактор, токму на денот кога се склучи зделката, од свои извори дозна и објави дека фармацевтската компанија „Реплек“ преку аукција го продала земјиштето на маркетот Хубо од 4.000 метри квадратни на Орка Холдинг.

Според нашитре сознанија, зделката тежи 92 милиони денари, што е рамно на 1,5 милиони евра.

На ова земјиште, кое се наоѓа до клиничката болница Аџибадем Систина, е обезбедена дозвола за градба на 40.000 метри квадратни површина над и под земја. 

Според информациите со кои располагаме, Орка Холдинг на тоа земјиште планира да гради „Болница мајка и дете“, како и медицински факултет. Новата зграда ќе биде споена со клиничката болница Аџибадем Систина, дознава Фактор.

Со тоа всушност, Аџибадем Систина ќе добие огромен болнички комплекс од 70.000 метри квадратни, кој ќе ги опфати сите медицински дејности, ќе има капацитет од 550 кревети, а ќе располага и со медицински факултет. 

Практично, на овој начин Аџибадем Систина ќе стане најголемата медицинска установа во целиот регион, говорат информациите на Фактор. 
Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести