Економија, финансии, бизнис

Контакт

Репетирал оружје и се заканувал на маж и неговото семејство во Старата скопска чаршија

Репетирал оружје и се заканувал на маж и неговото семејство во Старата скопска чаршија

Две лица од скопско биле приведени по инцидент во Старата скопска чаршија, каде што 60-годишен маж репетирал огнено оружје кон 36-годишник и неговото семејство.

Според МВР, настанот се случил на 13 јули околу 12:40 часот. Осомничениот им упатил закани и се обидел да ги нападне.

Полициски службеници од СВР Скопје околу 13:30 часот ги лишиле од слобода А.Х. на возраст од 60 години и И.Х. на возраст од 27 години, двајцата од село во општина Студеничани.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Целото соопштение од МВР:


На 13.07.2026 во 13:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.(60) и И.Х.(27), двајцата од село во општина Студеничани, скопско, по претходна пријава дека околу 12:40 часот во Старата скопска чаршија, А.Х. репетирал огнено оружје кон 36-годишен маж и неговото семејство од скопско, им упатил закани и се обидел да ги нападне. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


Слично

Поврзани вести