Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ренген снимка на македонските банки: растат спорните побарувања!

Ренген снимка на македонските банки: растат спорните побарувања!
Зголемување на нефункционалните кредити и намалување на депозитите, покажува ренген снимката направена на македонските банки Не запира растот на сомнителните пласмани на банките. Според најновите податоци на Народната Банка, заклучно со март спорните побарувања надминаа 415 милиони евра. Анализата покажува дека кај нефукционалните кредити во денари има стагнација на падот, но затоа пак кај нефункционалните кредити во странска валута е регистрирано зголемување, што укажува на тоа дека граѓаните и фирмите имаат проблем со отплата на девизните кредити. Во март годинава, во споредба со декември, лани, сомнителните и спорни побарувања на банките се зголемија за 50 милиони евра. Според најновите податоци, граѓаните и фирмите на банките должат 3,5 милијарди евра по основ на кредити.Од оваа сума, домаќинствата должат 1,4 милијарди евра додека приватниот сектор е задолжен со 2,1 милијарда евра. Иако и во март е регистриран пораст на кредитната активност, таа е со забавено темпо од она што го предвидуваше Народната Банка, што укажува на натамошо воздржано кредитирање од стана на банките поради сеуште присутните ризици.
„Заклучно со март, годишната стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 проценти во однос на истиот период од претходната година и е под проеkцијата за првиот квартал од 4,7%“, пишува во најновиот извештај на НБРМ.
Народната банка во месец март регистираше и намалување на депозитната база. Вкупното салдо на депозити, заклучно со првиот квартал изнесува нешто повеќе од 4 милијарди евра. Во март, во однос на февруари, депозитната база е намалена за 5 милиони евра. Овој пад е резултат на повлекување на депозитите од страна на фирмите. Од почетокот на годината ова е втoриот месец во кој е регистриран одлив на депозитите на приватниот сектор. Заклучно со март, фирмите во банките чуваат нешто повеќе од 865 милиони евра. Оптимистички сигнал навестуваат бројките за штедењето на населението, кое заклучно со третиот кавртал во банките чува 2,9 милијарди евра. Иако Централната Банка  предвиде поголеми стапки на раст на депозитите, заклучно со март, потфрлија и овие проекции.
„Во текот на март е регистрирано намалување како резултат на падот на депозитите на претпријатијата.  Годишната стапка на вкупните депозити изнесува 4,2 проценти и во однос на истиот период од претходната година и е под проекцијата за првиот квартал од 4,7%“,пишува во најновиот извештај на НБРМ.
Анализата покажува дека во март има пораст на депозитите во денари додека кај девизното штедење се забележува намалување. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести