Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ремонт на втората железничка делница од Коридорот 10

Ремонт на втората железничка делница од Коридорот 10

Деновиве МЖ Инфраструктура ќе го обајви тендерот за ремонт на железничка делница од Коридорот 10 помеѓу Ногаевци и Неготино, во должина од 31 километар. Ова е прв ремонт на овие пруги после 46 години.

„Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на шините со нови, замена на дотарените дрвени прагови со армирано-бетонски прагови, надополнување со нов толчаник. Постоечките шест патни премини во ниво ќе бидат изработени од горен строј од рециклирана гума и нов асфалтен приод во должина од 20 метри од двете страни, со што значително ќе се подобри безбедноста при поминување на возилата преку патните премини. Предвидено е и пероните на шести стојалишта да се реконструираат со вградување на нови армирано-бетонски елементи. Бенефитот од ремонтот е овозможување на возење со проектирана брзина од над 100 километри на час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај, а со тоа и зголемување на квалитетот на превозот на патниците и транспортот на стоките“, изјави Ирфан Асани, директор на МЖ Инфраструктура.

За реконструкцијата на двете делници се обезбедени 17,6 милиони евра, од кои 7 милиони евра се потрошени за ремонт на делниците Табановце- Куманово и Миравци- Смоквица кои сеуште се реконструираат, а останатите 10 милиони евра ќе се искористат за втората делница. Ремонтот на втората делница од Коридорот 10 е планирано да заврши во рок од една година од потпичувањето на договорот со фирмата која што ќе ја врши реконструкцијата.

 
Слично

Поврзани вести