Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ременски го искритикува судењето за случајот „Рекет“: Судење за убиство без леш

Ременски го искритикува судењето за случајот „Рекет“: Судење за убиство без леш

Пратеничката Фросина Ременски во емисијата „Итрински брифинг“ рече дека комуникацијата меѓу неа и обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, која што беше презентирана вчера на судско рочиште не била во контекст на работата на Меѓународниот сојуз туку коментар на приликите во правосудниот систем.

„Во целиот тој период на збиени политички настани по однос на многу прашања со Уставот, Законот за амнестија, претпоставувам дека медиумски интерес бил многу повеќе фокусиран на решавањето на притворски предмет од СЈО и во тој контекст на медиумски интерес била и таа преписка. Ќе ја искористам оваа прилика, бидејќи се вадеа од контекст пораките од страна на некои новинари кои не ме побараа да дадам свое мислење за таа преписка, сакам да кажам дека најодговорно, по целосна материјалан и кривична одговорност, можам да кажам дека ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска немам никаква допирна точка со семејството Камчеви, со Орце Камчев, ниту со случајот „Империја“, освен во оној временски период кога нашата политичка партија излезе со ходограм кој што го објавуваше тогашниот портпарол Петре Шилегов- рече Ременски.

На вчерашното рочиште како материјални докази беа прикажани пораките на Боки 13 преку whats-up, во кои содржината се однесуваше за развој на настаните во случаите кои СЈО ги водеше, но и за бројки, суми. Во дел од тоа беше и „преписката“ со ременски.

Воедно таа го искритикува и начинот на кој се води самото судење за случајот „Рекет“, а во тој контекст го коментираше и работењето на обвинителката Вилма Рускоска.

„Нема ништо конкретно како материјален доказ за да може да послужи во аргументација на дел од работите кои што провејуваа во јавноста. Верувам дека таму на површина ќе излезат многу други апсурди, имајќи во вид дека Русковска како да ја запоседна работата на организиран криминал, како да нема други јавни обвинители, па можеби ќе може да и помогне нејзиниот колега Наум Пановски, кој веќе има постапувано по истиот предмет. Претставува и преседан реотварањето на некои постапки кои што веќе се завршени- рече Ременски во „Утрински брифинг“ во однос на случајот околу Меѓународниот сојуз.

-Во полициското постапување – имаш познати сторители, познат давател, барател и е најлесно дело за реализација и за постапување од страна на органите на прогонот и поприлично ми е нејасно зошто тоа останало недопрено, за да се спречи- изјави Ременски во однос на стратегијата на обвинителството и Русковска во овој случај.

Повеќе ми личи на операција (Рекет) што манипулира со пропаганда со специјална војна која што манипулира со информации во однос на креирање на општи индиции, отколку во процес во кој што ќе се соберат информации за да се поткрепи тоа.

Целокупниот процес ми личи дека имаме судење за убиство без леш. Не се одговора на клучното прашање, кај се парите - беа констатациите на Ременски меѓудругото.

Доказите ги објавува Јавното обвинителство, а од презентираните, прва порака од кумуникацијата на Боки 13 со Ременски беше од 24.12.2018 година. Ременски му вели дека нејзините информации велат дека „Апелација ќе одлучи укинување на притворот на Орце“, по што Јовановски вратил со: „Не“. Потоа му одговора дека наводно утре ќе одлучувале по жалба на Орце, да го провери.

Следната комуникација е на 28.06.2019 кога Ременски му вели на Боки 13: „Антонио постави прашање во Собрание, слушај одговор…Јовановски, прашува „Што?“ а Ременски одговара: „За Коки, сега одговора З.З, на трет канал МТВ“. Потоа Јовановски и вели дека било речено дека има истрага.


Слично

Поврзани вести