Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ременски тврди дека е валкана игра: Продолжува судењето за Меѓународен сојуз

Ременски тврди дека е валкана игра: Продолжува судењето за Меѓународен сојуз

Поранешната пратеничка и министерка Фросина Ременски сподели пред дваесетина минути на фејсбук нејзино интервју во кое вели дека ги знае сите актери на валканата конструкција против неа. Таа денеска е на судско рочиште. Во судот продолжува, по одложувањето на 1 јули, процесот за организацијата Меѓународен сојуз. Основана е од Бојан Јовановски - Боки 13 кој беше првообвинет и осуден во случајот Рекет.

Во овој случај освен Ременски и Јовановски осомничени се и татко му Миле Јовановски и Јасна Мандиќ. 

Ременски која е и поранешна потпретседателка на СДСМ е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари. Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. 

При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.


Слично

Поврзани вести