Ременски со уште една функција во Собрание – Што ќе води сега?
На денешното продолжение на 35-та седница во Сообранието беа именувани членови и заменици-членови на повеќе собраниски комисии и други тела.
За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на РМ е избрана Фросина Ташевска Ременски, а нејзин заменик член е Лилјана Кузмановска. Ова тело има девет членови.
Пратениците пред Собранието ги изнесоа предлозите на законските измени и дополнувања во прво читање со кои се врши усогласување со Законот за јавна администрација, а за нив ќе се изјаснат на 12 март, за кога е закажано и продолжението на 35-та седница.
Собранието денеска усвои и Декларација по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка.
На седницата не беа присутни пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
