Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ременски се закани со кривична за организаторите на протестот пред нејзиниот дом

Ременски се закани со кривична за организаторите на протестот пред нејзиниот дом

Пратеничката од  СДСМ, Фросина Ременски најави дека ќе поднесе кривична пријава за организираните протестот пред нејзиниот дом. 

„Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва "протестираа" со отров во устата и душата пред мојот дом. Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното. Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине. Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка ..., викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност. Вие сте вистинските гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“ - напиша таа на Фејсбук. 

Пред нејзиниот дом вечерва имаше протест поради донедувањето на Законот за употреба на јазиците. 


Слично

Поврзани вести