Ременски пристигна во Обвинителството
Фросина Ременски, осомничена во продолжението од истрагата за „Рекет“, дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за да изврши увид во доказите против пратеничката на СДСМ за работењето на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски.
Потпретседателката на Собранието е поврзана со илегалната работа на „Меѓународниот сојуз“ како почесен претседател на организацијата на Бојан Јовановски, инаку првоосмничен во случајот „Рекет“.
Покрај Ременски, право да извршат увид во доказите имаат уште самиот Боки 13 и неговиот татко Миле Јовановски. Вчера тоа право го искористиле преостанатите осомничени - Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.
