Ременски го брани Димитров, вели бил визионер
Во одбрана на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, кој доби многу критики од опозицијата застана пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.
Вели дека оваа втора интерпелација на Димитров е можност да видат со какви аргументи располагаат за неговата работа.
Смета дека тоа е прилика за граѓаните да видат дали излегле од рововите на квазипатриотизмот.
„Не може да му оспорите за изминатите години, преку извршување на функцијата, претставување на Македонија на амбасадорските функции, претставувањето во Хаг, овластен преговарач во спорот со Грција, советник за национална безбедност и човекови права на Борис Трајковски. Тоа говори дека овој министер за надворешни работи има една константа – тоа е интересот на Република Македонија. Мислам дека Македонија ќе има прилика да го запише во историјата, што имал визионерство, храброст и знаење да затвори ваков децениски спор, што значи перспектива за Македонија. И во тој контекст, таа константа, да не биде политичар, затоа што е длабок познавач на спорот со Грција и секако голем познавач на корените на таа квазипатриотска нота“, изјави Ременски.
За Димитров вели дека не е класичен политичар, туку визионер.Министерот за надворешни работи Никола Димитров несовесно ја врши функцијата и тој е неспособен да продолжи да биде министер, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во образложението на интерпелацијата во Собранието.
„Ја поднесуваме интерпелацијата за министерувањето на Никола Димитров бидејќи сметаме дека функцијата ја извршува несовесно и спротивно на македонските интереси. Потенцирам дека Димитров ја навреди македонската нација која ја нарече искомплексирана. Тој го наруши угледот, достоинството на нацијата. Неприфатливо е да ги навредува граѓаните. Тој работи против државните интереси. Тој ги исполни сите максималистички барања на Грција, а прв негов пораз е Договорот за добрососедство со Бугарија“, рече Мицевски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, на Димитров му рече дали македонскиот народ бил искомплексиран кога бил амбасадор во Холандија и добил 600 илјади евра за плата. Се бара извинување на Димитров кон народот.
