Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ременски до ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е да се откажете од партиската пропаганда, и да престанете да ги блокирате законските решенија

Ременски до ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е да се откажете од  партиската пропаганда, и да престанете да ги блокирате законските решенија

Пратеничката од владејачкото мнозинство, Фросина Ременски денеска побара од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја блокираат работата на Собранието и да ги изгласаат законите кои ќе овозможат подобар живот за стечајците и за работниците.

Таа повика да го одблокираат Собранието во интерес на граѓаните на кои им е потребна подобра егзистенција. 

„Крајно време е да се откажете од тесно-партиските интереси и од партиската пропаганда, и да престанете да ги блокирате законските решенија кои што ќе им помогнат на две групи наши сограѓани. Со вашите јалови дискусии во Собранието на Република Македонија за одбрана на криминалот и попречување на правдата, вие директно го блокирате усвојувањето на Законот за минималната плата кој ќе овозможи решавање и подобрување на стандардот на илјадници работнички семејства во Република Македонија. И Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како Законот за стечај, со кој што ќе се реши долгата егзистенцијална агонија на овие наши сограѓани“- рече Ременски денеска на прес конференција.

Според неа, опозицијата не дозволува зголемување на минималната плата од 9.000 на 12.000 денари за кои Владата ќе им помогне на работодавачите.

За разрешувањето на Зврлевски, Ташевска Ременски изјави дека нема да трае до недоглед, и  очекува оваа недела тој да биде разрешен.

Слично

Поврзани вести