Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕМЕНСКИ: ДИПЛОМАТОТ МИЛЕНКОВСКИ ВО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ЕРМЕНИЈА - дали државата се откажа од него?

РЕМЕНСКИ: ДИПЛОМАТОТ МИЛЕНКОВСКИ ВО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ЕРМЕНИЈА - дали државата се откажа од него?

Професорката Фросина Ременски прашува дали државата се откажа од дипломатот Миле Миленковски.
Во својот денешен фејсбук статус таа вели дека веќе го акцентирала проблемот што, како што вели, ова прашање наместо да биде решавано, и тоа на принципиелни и државнички основи, се сведува на задоцнет ветинг, кој најмалку подразбира имање или немање безбедносен сертификат, туку „начин на вршење и практикување на службата“.

„Во оваа рашомонијада од изјави на министрите од МНР кои треба да одговорат на многу други прашања, одколку да се занимаваат со надлежноста на други институции, ги нема најповиканите министри во моментот – Министерот за полиција и Министерот за правда кои треба да одговорат прво, зошто МВР преку Секторот за Интерпол и Одделите за потраги не ја операционализира и не ја изврши „црвената потерница на Интерпол“, а тоа го направи српската полиција, и второ дали државата до Судот во Врање и други надлежни институции побарала Миле Миленкоски како македонски дипломат да биде екстрадиран во РСМ, за да може да го оценува барањето за екстрадиција и да утврдува други одговорности“, пишува Ременски. 
Според неа, информациите говорат дека доделениот адвокат по службена должност на Миленкоски од Врањскиот Суд тешко дека ќе поднесе, односно нема да поднесе жалба до Судот во Врање, туку дека во петок (кога истекува правото на жалба) Миленкоски ќе биде екстрадиран во Ереван, Ерменија, од страна на Република Србија, чиишто државјанин не е Миленкоски.

„Дали со овој гест државата навистина се откажа од Миленкоски како државјанин, кој после се ќе има право да ја тужи државата пред Европскиот суд за човекови права?
Со ова прашање најмалку сакам да навлезам во прашањето на одговорноста и вината на Миленкоски, зошто тоа е покомплексно прашање за некои други ликови тука и нивните бизнис-службени релации. Со прашањето предочувам како една држава не треба да се однесува по прашањето на правата на сопствен граѓанин, згора на тоа притворен дипломат; како не треба да се прејудицира вина од една страна, а од друга, да се амнестираат катастрофалните пропусти по случајот од страна на единствено надлежна институција за постапување по потерници – МВР!
Ако Државниот јавен обвинител не се огласи, после се јавно изнесено/познато за овој случај на институционална нефункционалност, воопшто нека не се јавува да коментира други случаи или да одговара на бизарни дневно-политички прашања. Овој случај ќе му биде голем тег кога ќе сака да биде избран за уставен судија „кој треба да ги брани уставно гарантираните права на граѓаните“. Да, на граѓаните, па и на овој јаден дипломат од кого само уште неговите блиски не се откажале“, пишува Ременски.

Таа во својот пост прашува и „дали со небарањето на екстрадиција на Миленкоски како македонски државјанин-дипломат од Србија во РСМ, државата бега од реалниот одговор што може да го добие од српските власти, а што би бил потврдаа на фактот дека МВР на РСМ не постапила по црвената потерница од Интерпол, а со тоа ја испуштило можноста да одлучува за екстрадиција и да добива и цени докази преку механизмите на меѓународна соработка во кривично правна материја, тоа што сега го има како можност Србија и Врањскиот Суд. И дали тоа значи дека, ОЈО ГОКК смета дека, без Миле во РСМ нема надлежност да постапува дома кон сторителите на кривични дела со несторување (МВР) и да комуницира со ерменските колеги по повод обвинението за Миленкоски и други на 12 страници?“.

„П.С Дали некоја институција во РСМ знае воопшто за што се обвинети Миленкоски и другите македонски државјани со обвинението во Ереван?“, прашува Ременски.

Слично

Поврзани вести