Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски доби Плакета за посебни заслуги и придонес во достигнувањата на ССУКИМ

Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски доби Плакета за посебни заслуги и придонес во достигнувањата на ССУКИМ

Сojузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, од 10-2 март во Охрид ја одржува Првата синдикална школа во Охрид, насловена „Придобивките од потпишувањето на Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ низ призмата на актуелните предизвици во високото образование“.

Претседателот на ССУКИМ проф. д-р Ангел Ристов на ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски му врачи Плакета за посебни заслуги и придонес во достигнувањата на ССУКИМ.

„И покрај искрените намери на раководството и на членството да се подобри положбата на вработените, истиот не наиде на разбирање кај сродните синдикати. Многумина не веруваа дека ќе одговори на предизвиците и дека ќе ги унапреди правата на вработените  на УКИМ. На мое и наше огромно задоволство во годините кои следеа Синдикатот прерасна во Сојуз на синдикати на вработените на УКИМ. Успеа за кратко време да изготви Колективен договор и да отпочне преговори со основачот Собранието на Република Северна Македонија.  Преговорите не беа лесни. Траеја речиси две години. Но, раководството на Синдикатот и малкумина добри луѓе кои беа вклучени во целокупниот процес на преговори успеаа да покажат и да докажат дека науката сеуште вреди и дека УКИМ треба да си го добие заслуженото место во државата. Науката треба да се почитува! Потпишувањето на Колективниот договор значи подобрување на материјалната положба на вработените и нивна поголема мотивација во работата во интерес на студентите.  Како ректор, Синдикатот  уште од самите почетоци ја имаше мојата поддршка како и поддршката на Ректорската управа и Сенатот во заложбите за подобрување на правата и примањата на наставниот и ненаставниот кадар. Се надевам дека и во иднина овие заложби  ќе продолжат. Силен Сојуз на синдикати на вработените на УКИМ значи силен Универзитет кој е двигател на општествените промени, напредокот и развојот на државата.  Со нетрпение, наскоро ги очекуваме придобивките од потпишаниот колективен договор со кој ќе се врати угледот на УКИМ и достоинството на вработените на најстариот и најголемиот Универзитет во државата. Тоа ќе придонесе и за негово подобро рангирање на светските универзитетски листи“, истакна Јанкуловски по тој повод. 

Вели дека со оглед на тоа што високото образование е една од најважните продуктивни сили во општеството, сите сме свесни дека за да можеме да функционираме на повисоко ниво, здравствено и социјално, потребно е да произведеме и висококвалитетен кадар. 

„За да имаме добри резултати на секое поле, мораме и да вложуваме постојано во него. Потпишувањето на Колективниот договор  на  Синдикатот на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија е многу значајно за нас, од причина што универзитетските професори досега се чувствуваа запоставено. Се надевам дека нивните барања на овој начин се исполнети и тие ќе бидат поттикнати и мотивирани да го дадат својот максимум во образовниот процес. Новиот Колективен договор ќе придонесе кон подигање на стандардот на универзитетските професори и иако сме сè уште далеку од израмнување на нашите плати со оние во соседните држави, ова е еден голем чекор напред и ќе се стремиме кон тоа да се избориме за уште подобар стандард и подобри услови. Морам да напоменам дека секое зголемување на платите на универзитетските професори ќе има голем удел и во подобрувањето на идното рангирање на Универзитетот и во поглед на натамошни објавувања на трудови со импакт-фактор, кое сега не се случува многу често, токму поради недоволно финансиски средства“, вели Јанкуловски за Фактор. 

Му честита на Синдикатот на УКИМ и се надева дека во иднина ќе оствараѕ уште поголеми успеси.

Слично

Поврзани вести