(ГАЛЕРИЈА) РЕКОРДНО ЗАГАДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Надвор не се дише, а не се гледа ниту прст пред око!
Секоја година се гушиме во смог, а Скопје и Тетово се градови со најзагаден воздух во Европа.
Така беше и ова утро а во главниот град денес е посебно критично.

Многу високо ниво на канцерогените ПМ10- честички и ПМ2,5- честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, нивото на загаденост е над дозволеното, а намалена е и видливоста.

Видливост од 15 до 20 метри- ова особено се однесува на скопската котлина, а од УХМР велат дека магла има и низ неколку котлини во земјава. Само во Скопје се случиле десетина сообраќајки во утринските часови.

Концентрацијата на канцерогени честички ПМ10 беше зголемена во текот на изминативе денови, а во населбата Лисиче се измерени533 микрограми по кубен метар.

Во Карпош синоќа околу 23 часот се измерени 335 микрограми, а во Гази Баба 273. Во текот на ноќта вредностите варираа.
Вчера само два часа е измерена дозволена вредност и тоа околу 50 микрограми честици.





