Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ТРОПСКИ НОЌИ: Еве што најавува Славчо Попоски

РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ТРОПСКИ НОЌИ: Еве што најавува Славчо Попоски

Метеорологот Славчо Попоски вели дека поради екстремно високите температури на воздухот кои ја зафатија нашата држава, но и целиот регион и поголем дел од Европа,  сега сме во црвен метеоаларм.

Продолжува сушното и екстремно топло време и оваа недела. Температурите во најголем дел од државава ќе надминуваат 35 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу, а во најтоплите централни и југоисточни предели и над 40 степени (односно до 43 степени под сенка). 

„Кон крајот на неделава можно е да имаме температури дури и до околу, па и над 45 степени (под сенка). Можно е рушење на температурни рекорди. Исто така и ноќите ќе бидат „тропски”, што значи дека температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени. Ув индексот во текот на целата недела ќе има екстремно висока вредност (вредност 10). На граѓаните ги советуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, и секако да избегнуваат работа директно на сонце. Температурата во Скопје особено кон крајот на неделава ќе се искачува до 40 степени, а според сегашните анализи и во Скопје се можни температури од над 40 степени“, вели Попоски. 

Вели дека горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки. 

Слично

Поврзани вести