Рекордна Бадникова поворка денеска во 30-тина македонски градови
Утрово се очекува голема Бадникова поворка од илјадници деца во придружба на своите родители во Скопје и триесетина други македонски градови да го најават Христовото раѓање.
Предвидено е вкупно околу 10.000 деца да ја пеат песната „Вечниот Бог“. Оваа традиција успешно ја наметна МПЦ пред 7 години како одговор на препознатливите пагански обичаи што ги следат божиќните празници. Од тогаш секоја година се повеќе се зголемува бројот на деца и насеени места што се приклучуваат на повиците на МПЦ.
Во Скопје празнувањето ќе почне пред црквата Св. Димитрија претпадне со концерт и претстава, а напладне ќе се формира Бадниковата поворка, носејќи ѕвезди што ја симобилизираат водилката на тројцата мудреци до местото каде бил роден Исус..
