Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден пад на државните пари за наука во Македонија

Рекорден пад на државните пари за наука во Македонија

Македонија годината 2020 ќе ја заврши со рекордно најнизок државен буџет за наука откако Владата ја измени програмата за финансирање научно-истражувачката работа, според која годината ќе се заврши само со 65,6 милиони денари помош за оваа активност. Претходно, беше предвидено да се потрошат 82,1 милиони денари кои и онака беа прескромни за оваа дејност, а сега се намалени за 16,5 милиони денари.

Македонија е една од земјите од регионот која со години издвојува најмалку пари за научно-истражувачка дејност, односно за научните институти, што изнесува само околу 0,1 отсто од БДП.. Словенија е лидер во регионот со 2,2 проценти од бруто-домашниот производ, а ние издвојуваме скромни 0,2 отсто. Србија, Хрватска и Бугарија издвојуваат од 0,7 до 0,8 отсто.

За организација на научни собири буџетотот се намалил од три милиони на два милиони денари За издавачката дејност, односно за печатење на научни книги, сумата од 2 милиони денари ја нема повеќе во новата програма. Учеството на домашни истражувачи на меѓународни научни собири во странство е сведено од четири на 2,5 милиони денари. За објавување на научни трудови во странски списанија со импакт фактор од девет е намалено на 6,3 милиони денари. Иако биле планирани 800.000 денари за државната награда „Гоце Делчев“, повеќе ги нема овие пари откако трета година по ред не се додели.

Намалена е и најголемата ставка - онаа за стипендии за млади научно-истражувачки кадри и за уписнини, еднократен надомест за одбрана на магистерски и докторски труд, творечки субвенции за творечки дејности, стипендии за студии на странски државјани стипендии ,,Борис Трајковски” на Универзитетот Шефилд, Тука сега средствата се помали за 7,5 милиони денари.

- Нашиот став како УСС-УКИМ на оваа тема е дека моменталниот начин на финансирање секако е нефункционален, непостоечки, не финансира ништо. Потребен е нов модел, стратегија и секако повеќе пари. Дали биле 80 или 60 милиони денари, исто е. Тоа што можам да го кажам на оваа тема е дека не е проблем овој ребаланс туку немањето на систем и стратегија за финансирање на научно истражувачка работа, вели Ангела Најдоска, претседателката на Комисијата за наука во рамки на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Парите за научно-истражувачка работа секоја година ги има се помалку и помалку. Во 2019 и 2018 биле предвидени над милион и по евра за оваа намена, но се потрошиле на крај 87,75, односно 78 милиони денари. Во 2017 и 2016 на крај миле потрошени два милиони евра, а најмногу биле реализирани во 2015 година - 148 милиони денари.

Професорите веќе подолго време укажуваат на тоа дека научната дејност најмногу треба да се одвива преку универзитетите, но постои голем недостиг на финансии. Државата не одделува буџет за научните истражувања да напредуваат, па оттука и лошата состојба во која се наоѓаат истражувањата во различни научни области.

А.К.

Слично

Поврзани вести