Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден интерес за упис на Филозофскиот факултет

Рекорден интерес за упис на Филозофскиот факултет

При крајот на вториот ден од уписите на прв циклус на студии при филозофскиот факултет во Скопје до сега се пријавени над 700 кандидати што доволно говори за атрактивноста на овој факултет. 

Оваа бројка ја надминува минатогодишната бројка на пријавени кандидати, што можеби е и резултат на зголемените квоти одобрени од Владата на Република Македонија. 

Според интересот на пријавените кандидати, најатрактивни институти при филозофскиот факултет се Институтот за психологија (215), Институт за безбедност, одбрана и мир (128) Социјална работа и социјална политика (81). 

Со ова само се потврдува фактот дека младите се интересираат за општествени науки а Филозофскиот факултет во Скопје повторно го држи приматот како еден од најатрактивните факултети.

Годинава вкупно на УКИМ има 10818 слободни места, а новитет е тоа што се укинаа дисперзираните студии.

Слично

Поврзани вести