Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНАЦИИ ПО ПРВИОТ ДЕН ОД ЗАБРАНАТА - вчера се аплицирани дури 18.877 вакцини

РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНАЦИИ ПО ПРВИОТ ДЕН ОД ЗАБРАНАТА - вчера се аплицирани дури 18.877 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопшти Министерството за здравство. 

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани. 

Со последните бројки 68 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 51 процент од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата“, велат од МЗ. 

Од Министерството велат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата. 

Слично

Поврзани вести