Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Компанијата за развој на недвижности од Обединетите Арапски Емирати „Бингати“ објави дека продала стан во Дубаи по рекордно висока цена по квадратен метар.

Станува збор за пентхаус од 4.385 квадратни метри, сместен во станбен комплекс што го носи името на брендот Бугати.

Квадратен метар од овој имот чини околу 29.000 евра, а пентхаусот беше продаден за 127 милиони евра.

Трансакцијата за продажба ја склучи главниот директор за продажба на компанијата, Абдулах Бингати, поставувајќи нов светски рекорд за пазарот на недвижности во Дубаи, постигнувајќи ја највисоката цена по квадратен метар досега забележана во „Бизнис Беј“, објави порталот „gulfconstructiononline.com“.

Се наведува дека становите во комплексот веќе се во сопственост на бразилскиот фудбалер Нејмар и италијанскиот тенор Андреа Бочели, пренесува Танјуг.

Независне

Слично

Поврзани вести