Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје ќе чини 2,6 милиони евра

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје ќе чини 2,6 милиони евра
За нешто повеќе од еден месец почнува темелна реконструкција на Скопската железничка станица. Премиерот Никола Груевски најави дека обновата ќе почне кон крајот на март или почетокот на април годинава, ќе се инвестираат 2,6 милиони евра и ќе се обноват сите нејзини витални делови. „Подготовките за нејзино реконструирање се во завршна фаза, се работи на евалуација на доставените понуди која би требало да заврши до крајот на месецов. Кон крајот на март или во април треба да започне темелната реконструкција која е прва откако е направена станица“, рече премиерот Груевски. Со реконструкцијата ќе се oпфатат билетарниците, тоалетите, ќе се направат пристапни рампи за инвалидизирани лица и чекални. „Со тоа ќе се подобри се она што е потребно за еден патник кој пристигнува или заминува од оваа железничка станица, како и за самите вработени што работат во неа“, додаде Груевски.  
Слично

Поврзани вести