Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реконструираната Општа болница во Струмица ќе биде пуштена во употреба од септември

Реконструираната Општа болница во Струмица ќе биде пуштена во употреба од септември

Реконструираната Општа болница во Струмица се очекува да биде пуштена во употреба од септември, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на здравствената установа.

Мицкоски посочи дека реконструкцијата на болницата е значаен проект за Струмица и за целиот регион, бидејќи граѓаните ќе добијат подобри услови за лекување и поквалитетна здравствена услуга.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на Владата и кога ќе започнат официјалните разговори со коалициските партнери, премиерот изјави дека средбите се веќе закажани.

„Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери, со ВРЕДИ и со ЗНАМ“, изјави Мицкоски.

На прашањето дали ВРЕДИ и понатаму ќе биде префериран коалициски партнер, а не ДУИ, Мицкоски рече дека во моментов Владата не е во предизборен период, туку во втората половина од мандатот, каде што веќе постои воспоставена соработка.

„Сега не сме пред избори. Сега сме во втората половина на мандатот, имаме соработка и така да продолжиме. Зошто да не продолжи“, порача премиерот.

Слично

Поврзани вести