Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реконструирана спортската сала во Велгошти, потрошени 23,6 милиони денари

Реконструирана спортската сала во Велгошти, потрошени 23,6 милиони денари

Денеска беше предадена во употреба реконструираната спортска сала „Тодор Александров“ во охридското село Велгошти. По проблемите со документацијата и нерасчистените имотно-правни односи, Агенцијата за млади и спорт обезбеди соодветна документација по што следеше реновирање на запуштениот објект.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски истакна дека салата е изградена според сите стандарди, особено во делот на опременоста. Во иднина во Велгошти ќе можат да се одржуваат не само часови по физичко за децата од населбата, туку и тренинзи, како и спортски натпревари.

Реконструкцијата на салата во Велгошти започна на 21 септември. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект изнесува 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија, во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали.

Слично

Поврзани вести