РЕКИ НА УЛИЦИТЕ ВО ВЕЛЕС, ПАДНАТИ ДРВА ВО ТЕТОВО: Невреме со силен дожд и град
Невреме проследено со силен дожд и ветер претпладнево го зафати градот Велес.
Повеќето од улиците во градот беа преплавени со вода, а дополнителен проблем беше немањето на атмосферска канализација, при што сообраќајот се одвиваше отежнато.
Покрај дожд и град, имаше и ветер кој направи дополнителни проблми.
На социјалните мрежи се споделуваа видеа од обилните дождови и поплавени улициУтрово силен дожд имаше и кај Тетово. Тетовските пожарникари и вработените во „Македонија Пат“ интервенираа во отстранување на паднати дрвја врз коловозните ленти на излезот од градот кон Гостивар во текот на раните утрински часови.

Слично
