Реисот Сулејман Реџепи повикан на сослушување, но не отишол
Реисот Сулејман Реџепи вчера бил повикан во јавното обвинителство на сослушување по говорот на омраза што го објави за „дивиот народ кој нема идентитет“, но сепак поглаварот на ИВЗ не се одзвал на поканата.
Свештеникот требало да се појави во канцеларијата на обвинителката за сослушување, а од таму за Телма потврдиле дека го чекаат повторно на нов датум до крајот на месецот.
Хелсиншки комитет против него поднесе пријава за ширење на говор на омраза. Останува нејасно дали воопшто Реџепи добил покана, бидејки од обвинителството само потврдиле дека го известиле неговиот адвокат.
Слично
