Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕГУЛАТОРИТЕ КАЖАА - цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

РЕГУЛАТОРИТЕ КАЖАА - цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти согласно одлуката од 4.8.2020 година, додека зголемување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 1,611 %.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  и на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/литималопродажната ценана Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 26,121 ден/кг.

Од 11.08.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС -  95  60,00 (денари/литар)

- Моторен бензин     ЕУРОСУПЕР БС – 98  62,00 (денари/литар)

- Дизел гориво      ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,50 (денари/литар)

- Масло за горење     Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    52,00 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС       26,121 (денари/килограм)

Воизминатиот седумдневен периодреферентните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемувањеза2,262%, на дизелот за 1,045% ина екстра лесното масло за 1,048 %, додека кај мазутот има зголемување за3,899%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизокз а 1,023 %. 

Слично

Поврзани вести