Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регистрирани се 308 оздравени пациенти oд коронавирусот

Регистрирани се 308 оздравени пациенти oд коронавирусот

Во Македонија за 24 часа регистрирани се 308 оздравени пациенти oд коронавирусот. 

По градови сликава е следна: Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови, a има и 51 нов заразен. 

Ако се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19 во Македонија, особено ако сè повеќе се шири т.н. британски сој на вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста за нови рестриктивни мерки. Сепак, во изјава за ТВ 24, тој потенцира дека во моментов нема потреба од зајакнување на мерките.

Македонија вчера ги доби првите вакцини од соседна Србија. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести