Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регистрирани два земјотреси во Македонија

Регистрирани два земјотреси во Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираше два земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.


Слично

Поврзани вести