Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регистриран е и трет послаб земјотрес

Регистриран е и трет послаб земјотрес

Во земјава ноќеска имало три земјотреси, од кои последниот бил послаб. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. 

Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65 километри југозападно од Скопje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда од 3.2 додека третиот со магнитуда од 2.4 степени.

Населението во Маврово го почувствувало двата земјотреси со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, додека третиот земјотрес е почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени. Минатата недела имаше неколку земјотреси во западниот дел на Македонија. Во соседството, утрово имало земјотрес во Грција. 

Слично

Поврзани вести