Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕГИСТРАЦИЈА ВО СТРУМИЧКИОТ ЗАТВОР: Осуденик се венчаше со девојката

РЕГИСТРАЦИЈА ВО СТРУМИЧКИОТ ЗАТВОР: Осуденик се венчаше со девојката

Регистрација имаше денеска во струмичкиот затвор. 

Овој чин беше спроведен под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, во насока на почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност на сите лица, без исклучок.

Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација.

Овој настан е резултат на успешна координација помеѓу Затвор Струмица, стручните служби и релевантните институции, а претставува и јасен показател дека и во пенитенцијарниот систем постои ангажман за унапредување на хуманоста, инклузивноста и правичноста, информира Управата за извршување на санкции.

фото: Управа за извршување на санкции

Слично

Поврзани вести