Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕГИСТАРОТ ЌЕ СЕ АЖУРИРА: Евидентирани 67 професионални онлајн медиуми

РЕГИСТАРОТ ЌЕ СЕ АЖУРИРА: Евидентирани  67 професионални онлајн медиуми

Регистрирани се 67 професионални онлајн медиуми. 

Регистарот на професионални онлајн медиуми, кој денеска е презентиран, има вкупно 67 членки. Тука  влегуваат онлајн медиуми со транспарента сопственичка структура, кои се обврзуваат дека ќе ги почитуваат професионалните стандарди и ќе објавуваат информативни содржини. 

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го презентираа регистерот, а кон  процесот на креирање на регистарот се приклучи и Стопанската комора на Македонија. Целта на регистарот е читателите да знаат дека медиумите ги почитуваат стандардите и не шират лажни вести и дезинформации.

Ставот на ЗНМ и на СЕММ е дека саморегулацијата е најмоќно решение за поттикнување на професионалноста во медиумите, не само во сегашни околности, туку и на подолг рок. Доколку некој од членовите ги прекрши стандардите ќе биде избришан.

Веб-страницата на PROMEDI@ МК од 1 јануари 2020 година ќе стане целосно функционална и редовно ќе се ажурира со податоци за членките на регистарот.

Регистарот е направен според примери од странство и во консултација со новинарската, медиумската и бизнис-заедницата во државата. 

Изработувањето на регистарот е според практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа. 

Слично

Поврзани вести