Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регионални културни организации бараат од Заев да не го дава Алаѓозовски

Регионални културни организации бараат од Заев да не го дава Алаѓозовски

22 регионални организации од БИХ, Црна Гора, Хрватска, Србија, Косово и Словенија преку регионалната платформа за култура – Кооператива од Загреб испрати  писмо до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во кое ја искажува својата загриженост и осуда на одлуката за промена на актуелниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.

„Во врска со најавите за смена на актуелниот министер за култура на Република Македонија, г-дин Роберт Алаѓозовски, Кооператива – Регионална платформа за култура сака да ја изрази својата најдлабока загриженост за таквата промена, па дури и го осудува овој чин

Преку нашите долгорочни активности во областа на културата, бевме во можност да добиеме увид во работата на г-дин Алаѓозовски, додека беше активен во областа на независната култура, како и да стекнеме сеопфатен увид во неговата работа како министер за култура . Врз основа на ова, ние го разбираме неговото отпуштање како недостаток на интерес за развој на културната област, како и длабоко непочитување и недоразбирање на улогата и релевантноста на секторот во поширокиот општествен и меѓународен контекст“, се вели во барањето.

Оттаму, се надеваат дека Владата на Република Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги признае гласовите од областа на културата кои се оние кои ги познаваат и разбираат потребите на секторот, како и перспективите за нејзиниот развој.


Слично

Поврзани вести