Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регионална анкета: 29 отсто од Македонците сметаат дека во вакцината против Ковид-19 има чип

Регионална анкета: 29 отсто од Македонците сметаат дека во вакцината против Ковид-19 има чип

Според извештајот од регионалната анкета на Глобсек спроведена во девет земји од  Источна Европа, повеќе од една третина од испитаниците веруваат во конспиративни теории поврзани со КОВИД-19. Конспиративните теории имаат најголемо влијание во земјите од Западен Балкан.

Во Македонија дури  29 отсто од испитаниците веруваат во теориите на заговор, односно дека при вакцинацијата ќе им биде вграден чип. Истражувањето утврдило дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 се зголемува со зголемување на довербата во јавните институции.

„Овие резултати покажуваат колку е инструментално доброто владеење и довербата во јавните и државните институции, особено во време на криза. Јавните институции треба да ги засилат нивните напори за стратешка комуникација и да направат сè што е во нивна можност да ја зголемат општествената доверба веднаш.“, велки Мирослава Савирис од Глобсек.

Анкетирањето е направено телефонски со репрезентативен примерок од најмалку 1000 испитаници од девет држави – Северна Македонија,Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија и Словачка.


Слично

Поврзани вести